Спорт плус
18. August 2016 - 21:51

Рио 2016: Хрватска ќе го брани златото од Лондон

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска, ќе има можност да го брани златниот медал од Игрите во Лондон откако во првото полуфинале во Рио ја совладаа Црна Гора со 12:8 (4:3; 3:2; 1:1 и 4:2). Во „реприза на лондонското полуфинале“ Хрватска постигна повторно победа, а имаше водство во текот на целиот натпревар.
Како и на четвртфиналниот дуел со Бразил и во полуфиналето со Црна Гора одличен на голот на Хрватска беше голманот Марко Бијач, кој дуелот го заврши со 10 одбрани (15 имаше со Бразил). Најефикасен на натпреварот беше Андро Бушље со 4 голови.
Црна Гора третпат по ред на Игрите ќе игра во натпревар за бронзениот медал.
Во второто полуфинале играат Италија и Србија.