Тенис
8. August 2016 - 7:21

Рио 2016: Дел Потро го сруши сонот за олимписко злато на Ѓоковиќ

Со солзи во очите најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од Србија го напушти теренот по поразот во 1.коло на олимоискиот турнир во Рио. Поуспешен од него беше Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро моментно 141.тенисер на светот.

Дел Потро двата сета ги доби во тај брејк 7:6 (7:4) и 7:6 (7:2) за 147 минути игра.
Со овој пораз Ѓоковиќ останува без шанса за освојување на олимписки медал во Рио и во својата кариера (во сингл конкуренција) бидејќи и претходно во Лондон го загуби мечот за бронзениот медал повторно од Дел Потро.