Спорт плус
6. August 2016 - 15:30

Рио 2016: Балабан заврши на 42.место

Македонската олимпијка Нина Балабан го освои 42.место во дисциплината стрелаштво воздушна пушка 10 метри. Таа во квалификациите во четирите серии имаше вкупно 407.7 кругови.
Во првата серија имаше 102.5 круга; во втората 102.9; во третата 102.1 и во последната 100.2.
Најзин најдобар резултат е 411.4 кгруга.
Во оваа дисциплина настапија вкупно 51 натпреварувачка, а најдобрите осум ќе „пукаат“ во финалето и ќе се борат за медалите.