Спорт плус
18. August 2016 - 17:59

Рио 2016: Американецот Клемент прв на 400 со пречки

Американскиот атлетичар Керон Клемент го освои златниот медал во првата финална дисциплина одржана денеска на 13.тиот ден од Игрите во Рио. Тој победи во трката на 400 метри со пречки со време 47.73 секунди. 
Пет стотинки (47.78) имаше втрото пласираниот Бонифаци Мучеру Тумути од Кенија, додека трет целта ја мина Јасмани Копело од Турција со резултат – 47.92 секунди.
Денеска на натпреварите во атлетика ќе бидат поделени медали во уште пет дисциплини: фрлање ѓуле (мажи), десетобој (мажи); 200 метри (мажи); фрлање копје (жени) и 400 метри со пречки (жени).