Спорт плус
14. August 2016 - 16:31

Рио 2016: Американците ја минаа границата од 1000 златни медали на Олимпијадите

 
 
 Очекувано, спортистите на САД се најтроферните во досегашниот тек на на олимписките игри во Рио. 
 
Американците досега се закитија со 61 медал од кои дури 24 златни. 
 
Последниот златен кој го освоија пливачките во штафетната трка 4х100 метри мешано, е вкупно 1.000 златен медал за Американцита во историјата на Олимписките игри.
 
Најмногу злата за САД имаат освоени атлетичарите 324, а по нив следуваат пливачите 244, од кои дуру 24 најсјајни одличја има најдобриот олимпиец во историјата на игрите Мајкл Фелпс, кој беше дел од штафетата на Американците 4х100 метри мешано која го освои вкупно 1001-то злато за САД.
 
Листа на 10-те најтрофејни земји во досегашниот тек од ОИ во Рио
 
 
 

ОВДЕ може да ги видите поединечно сите освојувачи на златните медали за САД во историјата на Олимписките игри.