Спорт плус
17. August 2016 - 16:57

Рио 2016: Актуелниот шампион Русија прв полуфиналист

 
Репрезентацијата на Русија е првата која обезбеди пласман во полуфиналето на машкиот одбојкарски турнир. 
 
Актуелниот бранител на трофејот од Лондон, Русија во првиот четвртфинален меч ја победи селекцијата на Канада со 3-0 во сетови. 
 
Противник на Русија во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот Бразил – Аргентина. 
 
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите САД – Полска и Италија – Иран.