Македонија
10. August 2022 - 12:23

Рибокрадството во Охридското езеро не запира

Не запира рибокрадството во Охридското езеро. Загрозен е рибниот фонд особено ендемичниот вид – Охридска пастрмка и Белвица кои добиваат висока цена на пазарот.

Дека ловокрадството е масовна појава потврдуваат и полициските билтени, во последната акција на струшкото крајбрежје, на потегот од реката Сатеска до селото Радожда,  беа запленети рибарски мрежи долги 3,5 километри. Во нив беа уловени 700 парчиња ендемична риба.

Како што велат од охридската полиција од почетокот на годинава на крејбрежјето реализирани се 8 акциски контроли, а поднесени се 2 кривични пријави за сторено казнено дело „незаконит риболов“.

Инаку Охридското езеро и понатаму е без концесионер, нема ниту рибочуварска служба, а рибниот фонд е оставен да го чува и надгледува езерската полиција.