Македонија
24. May 2020 - 19:40

Рибокрадците во охридско-струшкиот регион не мируваат ниту за време на епидемија и полициски час

И во време на вонредна состојба поради коронависусот рибокрадците не мируваат. Уништувањето  на рибниот фонд во Охридското Езеро со незаконско изловување продолжува со несмален интензитет. Алармантна е состојбата со пастрмката и белвицата, секојдневно стотици мрежи илегално се фрлаат во езерските води.

Од извршените 80 контроли долж охридско-струшкото крајбрежје одземени се околу 300 парчиња разновидна риба со вкупна тежина од над 122 килограми,околу 220 рибарски мрежи, неколку метални чамци како и друга рибарска опрема.

Екологистите пак сметаат дека за заштита на рибниот фонд трите општини Охрид ,Струга и Поградец треба да стопанисуваат со охридското езеро и да го чуваат сателитски.

Инаку од почетокот на оваа година при координираните контроли од страна на СВР Охрид ,езерската полиција и државниот инспекторат за земјоделци, на брегот на Охридското езеро затекнати биле  повеќе лица при вршење незаконит риболов од кои три се приведени.