Македонија
18. January 2021 - 12:57

Рибокрадци го пустошат Охридското Езеро

И во време на пандемија рибокрадците го пустошат Охридското езеро. Само од почетокот на годинава до денес запленети  се 34 разновидни рибарски мрежи во должина од 1800 метри со 150 парчиња охридска риба. Се изловува и на „црно“ се продава  ендимичната  риба, која со децении е на работ  на исчезнување. За разлика од минататото кога на пазарот се нуделе 10 видови на риби сега има таргетирано ловење на само три вида пастрмката, белвицата и крапот кои се едни од најзагрозените.

Рибокрадците немилосрдно се нафрлија на и така осиромашениот рибен фонд, посебно на пастрмката која завршува на нелегалниот пазар и во дел од кафеаните на двете страни од езерото.

И додека Охридското езеро е без концесионер и рибочувари. За рибниот фонд се грижи езерската полиција.