Живот
17. April 2016 - 9:19

Рибарите шокирани: Фатиле редок вид ајкула тешка еден тон и долга пет метри

Рибари од Јапонија пред неколку дека фатиле исклучително редок примерок на „ајкула“. Големото суштество се заплеткало во мрежата, долго е околу 5 метри, тежи околу еден тон, а припаѓа на вид кој е откриен пред 40. години и досега е забележан само неколку пати.
 
„Ајкулата“ живее во водите во близина на Јапонија, Тајван и Филипините и се храни со планктони.
 
Може да расте до импресивни пропорции, а во морските длабочини обично се движи со отворена уста и тоа на 500-600 метри под површината.