Македонија
25. January 2020 - 16:35

Рибарите од Охрид ќе ја бараат концесијата

Рибарите долж Охридското езеро бараат измени во законот за рибарство и аквакултура.Откако Владата го раскина договорот со концесионерот „Летница- белвица“, поради нерегуларности во работењето , предлагаат концесијата да им се даде на рибарите а езерото да се подели на риболовни зони.

Тие планираат да формираат здружение на рибари кое ќе конкурира на наредниот оглас за доделување на езерото под концесија.

Конкурс за избор на нов концесионер ќе се распише по изборите  ,а дотогаш од државниот инспекторат за земјоделство најавија дека ќе продолжат дополнителните проверки на работењето на сега веќе поранешниот концесионер, со покренување постапки за одговорност за непочитување на одредбите на договорот за концесија.