Македонија
27. May 2020 - 19:43

Риасетот на ИВЗ го разреши поглаварот Реџепи

Муфтиите донеле едногласна одлука за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи. На негово место времено е избран Шаќир Ефенди Фетаху – Муфтијата од Гостивар. До новите избори за Реис ул улема тој ќе раководи со ИВЗ. Причина не наведоа, но во јавноста се зборува дека тоа е поради венчавката на Реџепи со 50 г. помладата сопруга.

На решението се потпишале речиси сите муфтии но и директорот на хуманитарната организација ХИЛАЛ кој исто така важи за човек од доверба на Реџепи. Свој потпис ставил и деканот на Факултетот за Исламски науки. 

Од ИВЗ молк по ваквата одлука на само три дена по празникот Рамазан Бајрам. Неофицијално, Реџепи бил запознаен и согласен со ваквата одлука на муфтиите која за прв пат е соопштена на овој начин откако тој е поглавар.

Превирањата за престолот во ИВЗ траат подолго време. Пред 5 години група предводена од скопскиот муфтија Ибрахим Шабани упадна во седиштето. Лани и екс секретарот на скопското муфтивство се прогласи за нов Реис за што приложи и документи од ваквата одлука. Скендер Бузаку води судска битка со Сулејман Реџепи. Тој тврди дека денешната одлука е во режија на Реџепи. Бузаку вели не може два пати да биде разрешен а тоа ќе го докаже и судот.

Деновиве кога и се прославуваше најголемиот муслимански празник, реисот Сулејман Реџепи беше доста актуелен не само со венчавката со неговата 50 години помлада сопруга туку и изјава со која прогласи дека издвоиле победа над  вирусот Ковид-19. Претходно тој се спротистави на евентуалната одлука за полициски час и и порача на Владата дека без оглед на се, верниците ќе дојдат на намазот за Фитер Бајрам. Реџепи честопати се закануваше и политички влијаеше врз верниците, пред одржување на избори.