РХЗО: Невремето над Србија со енергија на термонуклеарна бомба
Невремето пропратено со град што зафати делови од Србија имаше енергија на термонуклеарна бомба, а против таа природна непогода беа истрелани 990 противградни ракети, изјави директорот на српскиот Републички хидрометеоролошки завод (РХЗО), Југослав Николиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Николиќ истакна дека невремето, што ја зафати Србија пред два дена и кое не е типично за овие простори, е предизвикано од циклон кој се движел од Медитеранот кон Балканот.
-Се создадоа најмоќни можни облаци од бура и градоносни облаци, суперќелијски кумулонимбуси, со врвна висина од над 16 километри, бурен ветер, поројни дождови и град, објасни Николиќ за РТС.
Според него, градот е природна непогода што не може да се спречи со какви било средства и штетата нанесена пред два дена би била поголема доколку не беа истрелани противградните ракети.
-Беа истрелани 990 ракети од осум противградни центри. Во Крушевац беа истрелани 610 ракети, што е апсолутен рекорд во последните 40 години на таа станица, рече Николиќ.
Тој оцени дека невремето ја зафатило третина Србија или околу 2,5 милиони хектари.
-Од 2,5 милиони погодени подрачја, ние лоциравме градоносни езгра, односно 992.000 хектари, што е област која сигурно ќе беше оштетена доколку немаше заштита, рече Николиќ.
Тој додаде дека штетата сега се мери во промили, иако на одредени места е апсолутна и драматична за лицата чии имоти беа погодени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација