Тенис
7. јуни 2018 - 11:09

РГ: Продолжение на полуфиналните дуели

Дождот ги прекина полуфиналните дуели на Ролан Гарос на денот кој го одбележа првииот загубен сет на Надал 

Првиот носител Надал, кој ја брка 11-тата титула во Париз, го загуби првиот сет со 6:4 од малиот Аргентинец, што беше прв загубен сет на Шпанецот од 2015 година. Во вториот тој водеше со 5:3 и 30:15, кога дождот го прекина мечот.
 
Во финалето на Мастерсот во Рим, Рафаел Надал губеше со 1:3 во последниот сет од Александер Зверев, пред да освои пет гема во низа и да го крене трофејот.
 
На теренот „Сузан Ленглен“, Марин Чилиќ и Хуан Мартин дел Потро го играа тај-брејкот во првиот сет кога мечот беше прекинат.