Тенис
29. May 2016 - 22:20

РГ: Гаске го елиминура Нишикори

Францускиот тенисер Ришар Гаске успеа да се пласира во 1/4 финалето откако денеска го победи петтиот носител Кеи Нишикори во 3-1 во сетови. Тој во следната рунда ќе игра со вториот носител Енди Мареј, кој со 3-0 го победи Џон Изнер.

Во второто четвртфинале ќе играат Стан Вавринка и Алберт Винолас. Вавринка со 3-1 во сетови го победи Виктор Троицки, додека Винолас беше подобар од Милош Раониќ со 3-0 во сетови.

Кај жените во денешните осминафинални мечеви Гарбине Мугуруза ја победи Светлана Кузнецова со 2-0 во сетови, додека нејзина ривалка во четвртфиналето ќе и биде Шелби Роџерс која со 2-0 ја победи Ирина Бегу.

Мечевите Симона Халеп – Саманта Стосур (5:3 во прв сет) и Цветана Пиронкова – Агнешка Радванска (2:6 и 0:3) се прекинати и утре ќе продолжат.