Loading Video...
Ракомет
12. April 2021 - 14:32

РФМ потврди - Вардар и Е.Пелистер ќе играат од самиот почеток на шампионатот, се намалува бројот на странци

 
УО на РФМ ги потврди системите на натпреварување во највисок ранг за наредните две сезони. 
 
Така следната 2021/2022 во Супер лигата ќе играат 12 екипи вклучувајќи ги и тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Додека сезона подоцна (2022/2023) бројот на екипи ќе биде намален на 10. 
 
 Воедно од истата сезона (2022/23) бројот на странски ракометари што ќе може да ги ангажираат македонските екипи во домашниот шампионат и купот се намалува од осум на шест играчи. 
 
Екипите задолжително ќе мора да пријават и свои тимови во младинските конкуренции, мерка со која РФМ очигледно размислува не само за популаризацијата, туку и за зголемувањето на квалитеттот во сениорските во иднина. 
 
УО на РФМ потврди дека наградата од 10.000 Еевра за женската, односно 20.000 Евра за машката селекција, за нивните добри резултати во квалификациите за СП односно победата над Данска да бидат исплатени до 14 на дамите односно 24 април на мажите.