Ракомет
20. July 2015 - 18:37

РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра на репрезентативците за пласманот на ЕП 2016

 
 Ракометната Федерација на Македонија денес ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Европското првенство во Полска 2016.
 
Македонија обезбеди „виза“ за Полска со две победи над националната селекција на Швајцарија и една над Чешка во рамки на квалификацискиот циклус.
 
Ова е четврти обезбеден пласман на македонските машки сениори на големите континентални натпреварувања.
 
На ЕП Полска 2016, Македонија ќе се натпреварува во групата А, против актуелниот светски шампион Франција, домаќинот Полска и против Србија.