-->
-->
РФМ и Македонија ко-организатори на ЕП 2022 за жени
-->
Македонија ќе биде ко-организатор на Европското првенство 2022 година во ракомет за жени (од 4 до 20.ноември). Македонската ракометна федерација за првенството аплицираше заедно со Црна Гора и Словенија. Ова е потврдено откако денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави списокот на земји кандидати кои го минале првиот филтер. За овој шампионат има само една пријава заедничката на трите држави (Македонија, Црна Гора и Словенија).
Официјално шампинатот ќе биде доделен во јуни следната година на Конгресот на ЕХФ во Глазгов.
На тој состанок ќе се реши и за организацијата на Европските првенства за мажи 2022 година и 2024 година.
За шампионатите апликации имаат поднесено 11 федерации. За машкото ЕП 2022 година има три: заедничка на Белгија, Шпанија и Франција, заедничка на Данска и Швајцарија и заедничка на Унгарија и Словачка.
За машкото ЕП 2024 година има исто три кандидатури: Данска и Швајцарија (заедничка), Унгарија и Словачка (заедничка) и Германија.
За женското ЕП 2024 година до ЕХФ не пристигна ниту една апликација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата