Ракомет
13. January 2021 - 9:06

РФМ: Целосно сме подготвени за настап на ракометниот Мундијал

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) за поканата македонската репрезентација да настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет.

Во дописот до ИХФ потпишан од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов се истакнува дека македонскиот национален тим е „целосно подготвен“ за настап на „ракометниот спектакл“.

– Во име на РФМ и во мое лично име изразувам срдечна благодарност за официјалната покана македонскиот национален тим да настапи на ракометниот спектакл во Египет. Македонскиот национален тим е целосно подготвен и задоволен што ќе игра на Светското првенство 2021, порача првиот човек на РФМ, Мукаетов.