Македонија
22. July 2021 - 20:02

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ го помина првиот тест, СДСМ со амандман го додаде уставното име

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во разговорите со Бугарија го помина првиот филтер стигна на дневен ред пред пратениците. Позитивен сигнал дека документот ќе биде и конечно изласан од парламентот со консензус е тоа што и владејачките СДСМ и ДУИ дадоа поддршка на предлогот на опозицијата Резолуцијата да биде поместена од осма, како втора точка на седницата.

СДСМ веќе и го искористи своето право на амандманска интервенција за да го внесе уставното име во Резолуцијата, што е услов за да гласа за нејзе. Неофицијално, социјалдемократите ќе интервенираат во текстот каде се споменува институцијата Собрание, а каде не е споменато дека тоа е Собранието на Република Северна Македонија.

Резерви кон Резолуцијата денеска изјавија само од албанската опозиција. Тие велат дека ќе го разгледаат документот и ќе дадат свои предлози.

Дебатата по Резолуцијата се очекува на пленарна седница по три дена расправа за ребалансот на буџетот. До тогаш пратениците ќе имаат право и на амандмани кои ќе се разгледуваат на самата седница.