Свет
11. February 2016 - 22:08

Револуционерно откритие: Научниците детектираа гравитациски бранови

Голем меѓународен тим научници, собрани на проектот ЛИГО (Laser Interferometar Gravitational-Wave Observatory) потврди постоење на гравитациски бранови, кои пред 100 години ги предвиде Алберт Ајнштајн.

- Дами и господа, детектиравме гравитациски бранови, изјави Дејвид Ритце, извршниот директор на Лабораторијата ЛИГО на денешната конференција за новинари во Вашингтон, која по пат на медиумите ја следеа физичари ширум светот.

Историскиот сигнал кој го детектираа научниците од проектот ЛИГО резултат е на судар на две црни дупи оддалечени 1,3 милијарди светлосни години од нас, а секоја од нив има околу 30 пати поголема маса од Сонцето. При конечниот удар, овие две црни дупки имале брзина од околу 150.000 километри во секунда, што е половина брзина на светлината.

- Ова е за Нобелова награда, без сомнение, изјави за Би-Би-Си професор Карстен данзман, водител на европскиот тим кој соработува во експерименот ЛИГО.

Гравитациските бранови се вибрации на димензиите простор-време кои се јавуваат со забрзување на сите облици на материја и енергија.

- Ова е конечна потврда на Општата теорија на релативноста на Ајнштан, објасни за „Јутарнји лист“ др. Ивица Смолиќ од Физичкиот отсек од Природно-математичкиот факултет во Загреб. 

- Гравитациските бранови се патувачки деформации простор-време. Како што камен фрлен во вода предизвикува некоја деформација на површината на водата, па таа деформација патува. Или кога ќе плеснеме со дланките, таа деформација патува по воздухот и ја слушаме со увото како звук. Исто така, движечките маси во вселената можат да предизвикаат бранови во гравитацијата, појаснува Симиќ.

Научниците со децении трагаат по гравитациски бранови, но успех постигнаа дури со проектот ЛИГО.

Околу милијарда долари вредниот експеримент ЛИГО детекција на гравитациски бранови почна во 2002 година, а во него се вклучени 900 научници од целиот свет. ЛИГО се состои од две постројки: една во Ханфорд (Вашингтон) а втората во Ливингстон во Луизијана, кои меѓу себе се оддалечени повеќе од 3000 километри.

- Секоја од тие постројки се состои од два крака во облик на буквата Л(латинично). Секој крак има должина од околу четири километри, тоа се цевки во кои има вакуум и низ кои патува ласерски сноп. Каде што се спојуваат цевките на тие ласерски зраци се интерферираат и тие се многу чувствителни на нарушувањата во должината на краците. Што и да минало и предизвикало деформација на краците, тоа се гледа на интерференцијата меѓу ласерските зраци. Овој уред е толку прецизен што е можно да се измерат деформации помали од радиоусот на протонот, објасни Симиќ.

Гравитациските бранови се единственото предвидување кои произлегува од општата теорија на релативноста кое досега не беше потврдено.

- Тоа е важно од повеќе причини. Прво, имаме уште една потврда на Општата теорија на релативноста. Вториот, и уште поважна причина е што отвораме нов прозорен во астрофиката, изјави Симиќ за електронското издание на „Јутарњи лист“.

- Како што радио-брановите пред 50-тина години претставуваа револуција во тоа какви се објекти можеме да видиме во вселена, така сега гравитациските бранови ќе отворат уште еден прозорец на феномените кои можеме да ги видиме во вселената. сега можеме да проверуваме детали од црните дупки, рече Симиќ.