Македонија
11. May 2018 - 16:49

Револтирани пазарџии го блокираа булеварот кај Бит Пазар 2 часа

Место на Бит Пазар за нови тезги нема. Пазарџиите револтирани и денеска излегоа на протест. Цели два часа го блокираа булеварот.

Бараат монтажни тезги додека трае реконструкцијата на пазарот. Велат изманипулирани се им било ветено од градоначалниците дека ќе добијат тезга но за нив место на бит пазар нема.

Од градот не отстапуваат од намерата да ги расчистат тротоарите.  Револтот кај пазарџиите е се поголем. Утре повторно ќе протестираат.