Македонија
22. October 2016 - 17:42

Ревија на олдтајмери во Автокоманда

На плоштадот во Автокоманда денеска по четврти пат се одржа ревија на олдтајмери во рамките на одбележување на 3-ти ноември - Денот на општина Гази Баба. На ревијата која е во организација на општина Гази Баба и АКК Примо АВЈ, учествуваа 35 сопственици со своите возила од Македонија и Србија.

Настанот го отвори градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кој во своето обраќање апелираше до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на безбедноста, на сообраќајните правила и прописи.

Тој ги разгледа сите изложени автомобили, кои потоа возеа од плоштадот во Автокоманда до Скопскиот саем, а од таму низ улиците на градот се до Триумфалната порта.