Македонија
22. August 2015 - 10:39

Ревија на олдтајмери низ улиците на Охрид

Ревијaлна изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ денеска ќе биде претставена во Охрид. Како и минатата година, предвидено е во рамки на ревијата низ улиците на Охрид да продефилираат триесеттина раритетни возила, од најразлични автомобилски марки.

Како што појасни Ѓоко Апостолов, раководител на општинскиот Сектор за туризам и локален економски развој, станува збор за атракција што сигурно ќе го привлече вниманието на туристите во градот.

- Автомобилите ќе бидат изложени во центарот на Охрид, а дел од нив ќе бидат на плоштадот „Чинар“ како едно надополнување на фестивалот на „Вино и сирење“ односно надополнување на самата сцена и кореографијата, рече Апостолов.

Автомобилите што се дел од ревијата денеска ќе продефилираат на потегот од Охрид до Пештани и назад, по што примероците ќе бидат изложени за фотографирање на Градскиот кеј.