Ревија на народни носии во Струга
„Машки народни носии“ е тема на овогодинашната Ревија на народни носии што денеска ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“, со поддршка на Министерството за култура.
Раководителот на КУД „Илинден“ Љупчо Милошески информира дека на сцената ќе продефилираат 20 ревијалци, кои ќе ги претстават машките народни носии на 11 колекционери и културно уметнучки друштва.
- Годинашната тема е „Машки народни носии“ и секој учесник треба да претстави народни носии со оваа тематика. Во соработка со Домот на културата од Гевгелија ќе биде прикажана и адаптација на Лазаренки - реликвија на етничкиот предел Бојмија, изјави Милошески за МИА.
Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред три години беше возобновена од КУД „Илинден“.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Коалицијата на СДСМ ќе победи на претседателските избори - Не го исклучува Заев за кандидат
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори - важно е да освои над 61 пратеник
-
Дали засилените контроли влијаат врз намалување на малолетничкото насилство?
-
Тема на денот со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски
-
ВМРО-ДПМНЕ од Охрид стартува со теренските активности „Важно е! Од тебе зависат промените“
-
Законот за амнестија стигна во Собрание, власта уверува дека не е правен за личности
-
Мицкоски го повика Спасовски да си замине од Владата ако не се согласува со амнестија
-
Анкетната комисија доби зелено светло, Онкологија нема доволно пари за терапија за сите пациенти