Фудбал
7. December 2016 - 9:37

Реванш натпревари од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

  Во фудбалскиот куп на Македонија, денеска ќе се играат реванш натпреварите од четвртфиналната рунда. 
 
Најблиску до пласман во полуфиналето е шампионот Вардар кој во дуелот со второлигашот Металург реванш натпреварот ќе го започне со предност од 4:1, остварена на првиот меч. 
 
Со минимална предност од 1:0 на гостувањето во Кратово кај Силекс ќе почнат и фудбалерите на Пелистер. 
 
Најголема неизвесност се очекува да има на мечот во Тетово, каде Шкандија и Шкупи ќе стартуваат со 0:0.
 
Во последниот меч ќе играат Брегалница и Победа екипи кои првиот меѓусебен натпревар го завршија без победник 2:2.
 
Сите натпревари ќе започнат во терминот од 13 часот.