Loading Video...
Кошарка
18. May 2019 - 16:18

Ретко виден натпревар на кошаркарските терени во Македонија: МЗТ Скопје ја освои титулата во јуниорска конкуренција

 
 
 
Тим на МЗТ Скопје Аеродром е шампион на Македонија во јуниорска конкуренција. 
 
Аеродромци го добија „трилер“ финалниот меч против Партизан Мултишед со 83:82 дури по дополнителните пет минути. 
 
Откако во првиот дел бело-црните беа оние кои го контролираа резултатот, а на 2,5 минути до крајот пак МЗТ имаше +11, сепак благодарение на погодените слободни фрлања на Љубиша Димитровски на 4 десеттинки до крајот на мечот, МЗТ се избори за продолжение. 
 
А, во него, повторно вистинска драма, која кулминираше со „тројката„ на Виктор Исајловски на 2,2 секунди до крајот. 
 
Младиот, 17-годишен  Гостиварец, кој е дел и од сениорскиот тим на МЗТ Скопје, беше и најефикасниот играч на мечот со 24 поени, па сосема заслужено го понесе признанието „МВП“ на турнирот. Исајловски голема поддршка имаше и Димитровски со 22 и Митевски кој постигна 21 поени. Кај поразените најефикасен беше Наков со 22, а Наумовски и Зекири придодадоа по 21 односно 18 поени. 
 
Со медал се закитија и кошаркарите на Феникс 2010 кои во борба за 3.место го совладаа Работнички со 63:55,