Свет
28. December 2017 - 10:29

Ретка фотографија ја открива големата тајна на Ким: Еве која е најмоќната жена во Северна Кореја

Помладата сестра на северокорејскиот лидер Ким Џон - Ун изгледа дека ја потврдила својата позиција на најмоќната жена во земјата, а за тоа  сведочи нејзиното редовно јавно појавување покрај највисоките државници на владејачкиот Конгрес. 

фоотографијата која се појавила во северокорејските медиуми за време на викендот покажала дека Ким  Јо - џонг, за кој се верува дека има меѓу 28 и 30 години, се нашла во првиот ред заедно со високото маѓко раководство на Конгресот на работничката партија. 

Таа седела покрај десната рака на својот брат и попретседател на партијата Чое Рјонг-хаеа а во истиот ред седел и секретарот на партијата Ким Пјонг -хае и О Су-јонг.