Македонија
8. October 2018 - 15:06

Рестрикција на водата за пиење во Кавадарци поради дефект на главниот довод

 Рестрикција на водата за пиење од полноќ до шест часот изутрина се спроведува во Кавадарци, веќе неколку дена, поради дефект на главниот довод и намалени количини на вода.

Бојан Атанасов, раководител на работната единица  за вододвод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец”, појаснува дека намалувањето на количините на вода е константно, а кон комплетно сопирање се пристапува навечер, со цел полнење на резервоарите за задоволување на потребите  во текот на денот.

- Санацијата е во тек. Очекуваме таа да трае неколку дена. После тоа, водоснабдувањето ќе биде нормализирано. Ги молиме кавадарчани за разбирање, вели Атанасов.с