Ресоцијализација на повратниците за превенција на насилниот екстремизам
Од исклучителна важност за Република Македонија како мултиеничко општество е да бидеме подготвени да одговориме на каков било екстремизам и насилен екстремизам, што претставува сериозен предизвик, потенцира во обраќањето министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната промоција на истражувањето „Напорите на Република Македонија во спротивставувањето на насилниот екстремизам, поглед на граѓанското општество“ од страна на Аналитика тинк тенк во периодот од септември 2015 до септември 2016 година, со поддршка од Амбасадата на САД во земјава.
Спасовски истакна дека многу е важно како и на кој начин да се превенира пред се луѓето да не се радикализираат и да не се упатуваат во државите - воените жаришта и како да се ресоцијализираат оние граѓани кои се повратници од боиштата од Авганистан, Сирија или Ирак.
- Постои сериозна опасност и од лицата кои се вратени од боиштата и затоа напоменуваме дека е потребна таа ресоцијализација. Мора државата да работи напорно за да создава механизми како да не дојде до радикализација, а истовремено да се работи на тоа оние лица кои биле од различни причини на боиштата во Авганистан, Ирак, во Сирија, да се ресоцијализираат, изјави Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање колкав е бројот на повратници од странските боишта, Спасовски информира дека МВР има информации за нивниот број.
- Имаме бројка која е во МВР и како бројка претставува опасност, но не е најважна големината на групата која е вратена, затоа што едно лице кое е радикализирано може да предизвика последици. Затоа треба заеднички да придонесуваме во спречувањето на оваа појава, рече министерот за внатрешни работи.
Американскиот амбасадор Џес Бејли потенцирајќи дека прашањето за насилниот екстремизам е феномен со кој се соочуваат многу земји се осврна на изјавата на државниот секретар Џон Кери во која тој посочува дека прашањето за насилниот екстремизам не почнува на военото поле, туку во соседството, домовите, училниците, на работното место....
- Многу е важно да се разбере причината која ги води младите луѓе во радикализација и да се пронајдат начини за ефективна превенција, изјави меѓу другото Бејли. Додаде оти тоа е целта на ова истражување од Аналитика - да се помогне во тоа да се разбере што ги води младите луѓе во Македонија да почувствуваат дека тоа е начинот за најдобро да ги изразат своите гледишта и да се направи нешто за да се изгради ефективен отпор во заедницата.
- Ова е прашање на заедницата, а лидерите на заедниците, родителите, наставниците, кои мора да бидат многу вклучени, затоа што сега радикализацијата може да се случи преку интернет. Важно е да се разбере мотивацијата, изјави амбасадорот Бејли.
Како што изјави Андреја Богдановски, истражувач по безбедносни прашања од Аналитика, истражувањето покажало дека првиот допир на младите со насилниот ектресмизам е преку социјалните мрежи, а потоа за доаѓање до моментот на регрутација се оди преку лични или фамилијарни контакти.
- За Македонија, како и за останатиот дел од Западен Блакан, би рекол дека од самото тоа што имаме голем број македонски државјани отидени во Сирија и Ирак, повеќе од стотина, покажува на тоа дека е погодно тло, но не е исклучок. Тоа се случува и во Косово, Албанија, БиХ, Србија, одговори Богдановски на новинарското прашање колку Македонија е погодно тло за ширење на насилен екстремизам.
Според резултатите од истражувањето, рече Богдановски, опаѓа бројот на млади луѓе од Македонија кои заминуваат на боиштата во Сирија или Ирак. Тоа се должи, смета тој, пред се на полициските акции „Ќелија 1 и 2“, но претставува и тренд забележан и во Косово и во Албанија.
- Ова не значи дека појавата е искоренета. Се пронаоѓаат суптилни начини за ширење на радикални ставови, мислења и идеологија. Превентивната улога е многу значајна во спротивставување со овој феномен. Нема главни причини, туку тоа е сплет на повеќе околности економски, социјални, политички, идеолошки, религиозни. Не постои профил на личност кој ќе го сметате дека утре ќе замине во Сирија или Ирак, предупреди тој и повика што побргу да се донесат акционите планови врз основа на Стратегијата за борба против тероризмот донесена во март 2016 година.
Ново на Сител
-
Гаши во Гостивар во посета на канцелариите за контакти со пратениците
-
Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ
-
Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на на советот на Град Скопје
-
Примопредавање на должност меѓу досегашниот и новиот претседател на Советот на ЕУ
-
Рускиот министер за одбрана пристигна во посета на Северна Кореја
-
МААЕ: Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството по руските напади
-
Наутро магла и облачност, попладне дожд
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ