Живот
5. јуни 2016 - 14:17

Решив да имам секс со моето момче кога и да посака- еве што се случи

Сè започна од порно филмовите. На негово барање, ни се случуваше неколку пати да седнеме и да изгледаме неколку минутна секс акција. Не бев воодушевена, но не сакав и да му забранувам.

Имаше нешто интересно и во овие филмови. Јас лично, ги споредувам со хорор филмовите. Ти го креваат притисокот на ист начин и те ставаат во позиција постојано да чекаш нешто ново, некоја нова повозбудлива акција.

Една вечер, останавме сами, со алкохол во рака, на неговата тераса. Разговорите течеа, па така дојдовме и до оваа тема. Ме интересираше, па искрено го прашав: „Што е толку посебно во порно акциите? Дали е до позгодните жени, голотијата, техниката?“

Одговорот ме изненади. Не се работеше за квалитет или квантитет, туку за достапноста.

Кога подобро ќе размислам, тој е оној кој постојано иницира и ме расположува за секс. Јас никогаш не сум го „понудила“ или изненадила.

Постојано се трудеше да мислам на него, да го покачи моето либидо, мојата желба која со текот на годините некако преминуваше во навика.

Искрено, се почувствував виновна. Ми беше жал што не го добиваше она што го сакаше.

По природа сум организатор, постојано сум претрупана со листи кои треба да ги направам, па решив така да го решам и овој проблем. Си поставив нов секс предизвик.

Беше понеделник. Не ни размислував тоа утро, само го започнав предизвикот. Немав време да размислувам за моите желби, колку бев поспана или нерасположена.

Имавме маратонски утрински секс по кој тој доцнеше цели 45 минути на работа. Имав обичај да преспивам кај него, но никогаш не го испраќав вака. Ова беше нешто ново и за двајцата.

Поминаа само неколку часа од нашето испраќање до неговата прва порака. Бев сонлива, но точно прочитав:

„Утрово беше многу жешко. Не можам да дочекам уште.“

Неколку часа подоцна следуваше нова порака:

„Остани во кревет. Доаѓам дома за ручек.“

Се насмеав. Изгледа ова беше неговата фантазија.

Морам да признаам беше прекрасно. Се стуткав во неговите чаршави, сè уште го чувствував неговиот парфем. Решив да го почекам наместо да се облечам. И не згрешив.

Паузата за ручек повторно ја поминавме во кревет. Тој се врати на работа, а јас останав да го чекам кај него. Не отидов дома.

Вообичаено, имав навика да се вратам дома, да се истуширам и да почнам да работам. Денес решив да паузирам, работата ми беше флексибилна.

Влегов во неговата бања, се послужив со сè што ми требаше и облеков негова маица. Знаев дека нема уште долго да биде на мене. Седнав на компјутерот и си дозволив мислите да ми одлетаат.

Во вторникот го испратив со договор за вечерта. Реков дека ќе подготвам домашна вечера и ќе го чекам подготвена.

Си го исполнив ветувањето, зготвив лазања и седнав да работам. Нешто подоцна ги почнав личните подготовки. Си посветив неколку часа на своите секс фантазии. За првпат по долго време, фантазирав за секој дел од неговото тело.

Веќе не се чувствував изморено, постојано бев во исчекување.

Го слушнав. Тропна на вратата. Го пречекав со долг бакнеж и неколку допири.

Вечеравме со постојано допирање. Не можевме да си ги одделиме рацете еден од друг. Знаевме што следува и не можевме да дочекаме.

Конечно ја почувствував неговата кожа до мојата. Му ја почувствував тежината, притисокот врз моето тело. И беше неверојатно!

За првпат, јас доживеав оргазам пред него. Му видов задоволство во очите, многу поразлично од она кога тој доживуваше оргазам.

 Не ми се верува дека имаме уште 5 дена од овој предизвик...

Извор: Црно Бело