Македонија
27. November 2017 - 19:40

Решението доставено до затворот Скопје, Темелко заминува во домашен притвор

По два месеци поминати во притвор, Градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, од денеска е во својот дом во Ресен. Од Истражниот затвор Скопје потврдија дека Темелко попладнево после 13 часот бил транспортиран дома со возило од Полициската станица во Ресен.  

Куќниот притвор следува по барањето на одбраната на Темелко со образложение дека тој се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и му е неопходен редовен лекарски надзор. Ваквото барање го прифати кривичниот совет по што од Управата за извршување санкции е испратено известување дека Едмонд Темелко денеска треба да го напушти истражниот затвор Скопје.

Инаку градоначлникот на Пустец беше во притвор по барање на Специјалното јавно обвинителство бидејќи не ја почитувал претходно изречената мерка за редовно пријавување кај надлежните истражни органи.

Едмонд Темелко е обвинет во случајот Титаник кој го води СЈО а го товари за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.