Решена мистеријата за смртта на порно актерката: Откриено од што умрела убавата Оливија
Според списанието "Radar OnLine", обдукцијата покажала дека Оливија во телото имала голема количина на алкохол и дрога.
По повеќе од два месеци било откриено зошто умрела порно актерката Оливија Нова. Имала тешка инфекција на уринарниот тракт, која се проширила до бубрезите и довела до труење на крвта.
Според списанието "Radar OnLine", обдукцијата покажала дека Оливија во телото имала голема количина на алкохол и дрога. Во телото и пронашле траги од кокаин, и според наодите на обдукцијата нејзината смрт е несреќа предизвикана од опојни средства.
Потсетуваме, порно актерката Оливија Нова, со вистинско име Лекси Роус Форде починала на 21. година во својот дом во јануари оваа година.
Полицијата тогаш рекла дека целиот случај е многу мистериозен. Оливија ја започнала манекенската кариера на 12 години, а дури минатата година во март влегла во светот на порно индустријата.
"Планирам да завршам училиште, а работам и на еден непрофитен проект за кој наскоро ќе се знае повеќе", рекла таа минатата година. Додала дека имала голема трема пред првото соблекување пред камерите, а подоцна се чувствувала "добро во своето тело". Наводно, планирала кратко да се занимава со порно филмови, а била во лоша финансиска состојба.
Пријателите на Оливија тврдат дека таа била во тешка депресија поради своето момче кое извршило самоубиство во април 2017. година, и не можела никако да се помири со неговата загуба. Кратко потоа имала и сообраќајна несреќа бидејќи возела во алкохолизирана состојба, по што завршила во болница.
"Моето момче си го одзема животот во април, два дена пред мојот роденден, со хероин", напишала таа во декември минатата година.
Ново на Сител
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник