Живот
25. May 2018 - 10:32

Решена мистеријата на чудовиштето Лох Нес: Девојче (8) со бабата отишло на езерото, а потоа нешто блеснало во водата

Осумгодишната Ларија и нејзината баба Марија веруваат дека конечно имаат доказ дека нешто демне од длабочината на Лох Нес.

Ученичката Ларија Ананд сними видео додека била во посета на својат баба Марија, на кое се гледа дека нешто долго и тенко се шлапка со вода во езерото.

Тие две велат дека забележале чудно движење во вода и одблесок од друг неидентификуван објект иако во близина немало ниту бродови ниту луѓе.

„Седевме на камењата неколку минути. Се сликавме како си шлапкаме со нозете во езерото“, раскажува Марија (62) инаку професорка.

„Го кренав погледот и забележав светкање на водата. Ми изгледаше дека светлината се одбива од нешто, но во близина немаше бродови или луѓе. Беше тоа нешто силно, но и многу долго. Уште еднаш погледнав, ми се чинеше дека нема објаснување.

Снимив неколку фотографии, а потоа мојата внука побара и таа да сними некоја. Сними и видео. Беше навистина чудно. Не можат да објаснам, единствено што ми падна на памет е дека го снимивме чудовиштето од Лох Нес“