Македонија
5. April 2016 - 20:48

Решен деценискиот проблем на станоиздавачите во Охрид

Решен деценискиот проблем на станоиздавачите во Охрид.Тие повторно ќе може да ги издаваат своите станови на туристи во колективните згради и да бидат категоризирани .Со измените на законот за угостителска дејност кој вчера беше усвоен на пленарната седница на Собрание голем број на граѓани во еден објект што се под заеднички покрив ќе може да издаваат одобренија на повеќе физички лица.

Со овие измени станоиздавачите легално и законски ќе може да ја извршуваат оваа дејност а воедно и се обезбедува егзистенција на голем број семејства.

Инаку во Охрид околу 450 семејства издаваат станови во колективните згради.