Решавањето на „Рекет“ е клуч за напредок на општеството
Без брза разврска за Рекет македонското општество ќе доживее нов пораз. Универзитетскиот професор Дујовски предупредува дека секое одолговлекување на истрагата и прикривање на докази ја оддалечува Македонија и од Европската унија.
Најважно при одлучувањето дали унијата ќе и додели датум за отпочнување на преговорите според професорот Дујовски и натаму останува Законот за јавно обвинителство. застојот во преговорите помеѓу власта и опозицијата вели дека може да предизвика политичка криза и да им даде алиби на оние земји кои и без тоа се скептични дека земјава е подготвена да го изоди европскиот пат.
И покрај најавите за интензивирање на преговорите по летните одмори, нова спредба помеѓу министерството за правда и ВМРО-ДПМНЕ се уште не е закажана. Двете страни се далеку од догвоорот за клучните прашања кои треба да го решат статусот на СЈО, а по објавените снимки за Рекет опозициската партија ги заостри ставовите дека овој состав на СЈО не смее по автоматизам да се префрли во новото обвинителство за гонење висока корупција.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар