Македонија
22. November 2019 - 16:39

Решавање на статусот и месечни приходи бараат и приватните специјализанти по стоматологија

Последната генерација приватни специјализанти на стоматологија бараат плата исто како нивните колеги запишани во 2016-та за да можат да ги покријат трошоците. Револтот го изразија на  протест пред министерството за здравство. Околу 130 специјализанти од факултетите во Скопје и Штип инсистираат до крајот на годината да добијат договори. Велат дека  досега биле игнорирани од здравствените власти. Два пати барале состанок со Филипче, но не ги викнал на разговор.

-Зошто сме поразлични ние од останатите наши колеги, реле д-р Марко Младеновски, специјализант на стоматологија.

Министерот Венко Филипче најави дека во текот на денот ќе оствари средба со приватните специјализанти на стоматологија и ќе ги слушне нивните проблеми.