Македонија
28. January 2017 - 12:56

Ресенчанец брутално ја претепал својата мајка, кутрата жена заврши во болница

Полицијата од Ресен поднесе кривична пријава против лицето И.Г. (35) од с.Асамати, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
 
Пријавениот на 23. минатиот месец, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата мајка.
 
Со клоци и тупаници ја удирал мајка си во пределот на десната рака и грбот при што ѝ нанел телесни повреди кои ѝ биле констатирани во Здравствен дом Ресен.