Ресен: Татко и син нападнале полицајци, па им се приклучила и група луѓе - уапсени две лица
Неколку полициски службеници од Полициската станица Ресен вчера, десетина минути пред полноќ вршеле увид на претходно случена сообраќајна незгода на улицата „Борис Кидрич“, во која учесници биле Т.А. од село Болно и 18-годишниот Б.М.од Ресен.
На местото на настанот дошол 41-годишниот З.М. татко на Б.М. и прво вербално, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници. Потоа, и неговиот син Б.М. ги нападнал полициските службеници. Во еден момент полициските службеници забележале дека кон нив доаѓала група на граѓани кои сакале да ги нападнат, по што од страна на полициски службеник од службениот пиштол било пукано во воздух и групата се вратила назад.
Б.М. и З.М. биле приведени во Полициска станица Ресен. Известен е јавен обвинител.
Полицијата мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата