Свет
13. February 2016 - 9:24

Републиканецот Џон Гилмор се повлече од претседателската трка во САД

Поранешниот гувернер на Вирџинија од Републиканската партија Џон Гилмор се повлече од претседателската трка во САД, пренесува ТАСС.

Во изјавата, Гилмор посочи дека ќе го поддржи оној кандидат што ќе го избере Републиканската партија за учество во трката за претседател на САД во ноември и дополни дека ќе продолжи да зборува за, според него, опасноста претседател да стане некој од двајцата претставници на Демократската партија Хилари Клинтон или Берни Сандерс.

По повлекувањето на Гилмор за партиската номинација на републиканците остануваат да се натпреваруваат шест лица: милијардерот Доналд Трамп, сенаторот од Тексас Тед Круз, сенаторот од Флорида Марко Рубио, поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, гувернерот на Охајо Џон Кејсик и неврохирургот Бен Карсон, забележува ТАСС.