Џет-Сет
16. August 2018 - 8:35

Републиканците лути поради постер на групата Перл Џем

 

Американските републиканци го критикуваа постерот на групата Перл Џем, на кој се гледа Белата куќа во пламен и орел кој колве човечки скелет.

Имено, републиканците сметаат дека скелетот го претставува американскиот претседател Доналд Трамп.

Националниот комитет на републиканскиот сенат и кандидат за американски Сенат од Монтана, Мет Розендеил, го споредија постерот на познатата група со фотографија на комичарката Кети Грифин, на која таа држи лажна исечена глава на претседателот Трамп.

Групата Перл Џем засега не коментира дали скелетот навистина го  претставува Трамп.