Македонија
6. April 2017 - 16:45

Република: Заев на тајна средба со албанското подземје, бара заштита за спроведување на Тиранската платформа

„Република“ дознава од свои извори дека доцна синоќа Зоран Заев остварил тајна среба со структури на албанското подземје.

Поради лошата постизборна политика и недовербата во сопственот челнство, Заев побарал заштита од албанските криминални структури заради спрведување на Тиранската платформа, која на Божик ја потпишаа албанските партии, а единствено Заев премолчано ја прифати, пишува порталот.

zaev-caus

Решен да оди до крај во распродажбата на националните интереси и целосно спроведување на Тиранската платформа, а притиснат во тесно од незадволното членство, масовните протести на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, која успеа да ги обедини сите грѓани на Македонија кои се чувствуваат како Македонци без разлика на партискатаопределба, но пред сѐ од албанските партнери кои му обезбедија победа на изборите со 70.000 албански гласови, а по изборите и парламентарно мнозинство, Заев нема излез освен да се обрати кај подземјето за да обезбеди заштита и сигурност, пишува Република.

-Целото сценарио кое го гледаме овие три години од ден на ден на се повеќе граѓани им станува јасно, им станува јасно на најтврдите поддржувачи на СДСМ. Не се работи за тоа дали Заев ќе стане премиер или не, тој е попатен чекор, човекот е лоциран дека е компатибилен, дека одговара на очекувањата на некој друг и дека е спремен да направи сѐ во државата за да дојде на влст. Тој е спремен да на држи две и пол години во хаос државата, со протести, со кршење институции, со удар врз македонската економија, се со цел да си ја оствари својата цел. Сега доаѓа времето на фактурите. Сега тој ќе треба да ги врати фактурите кон сите тие кои му помагале. Тие фактури ќе значат внатрешно редефинирање на државата, но тоа ќе имплицира и редефинирање за впечатокот за Република Македонија, рече неодамна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во ТВ-интервју.

Фактурите за 70.000 илјади албански гласови и 18 пратенички места за поддршка на владата Заев ќе ги плати со целосно спроведување на Тиранската платформа, во која, меѓу другото е предвидено прв човек на Собранието да биде Албанец. „Република“ веќе пишуваше, а и Заев потврди, дека тоа спикерското место е предвидено за Талат Џафери.

Останатите услови од Тиранската платформа, кои Заев ги прифаќа само за да ја добие премиерската функција се:

  1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот, 
  2. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој, 
  3. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес, 
  4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата, 
  5. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право, 
  6. Добри односи со соседите и 
  7. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија.

Платформа на албанските парти

1.Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

  • Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.
  • Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
  • Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
  • Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

2. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

  • Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
  • Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.
  • Остварување правична зас­тапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
  • Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или прет­пријатија со јавни акции.

3. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес

  • Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
  • Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
  • Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

  • Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.
  • Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.

5. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

  • Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.
  • Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6. Добри односи со соседите

  • Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
  • Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
  • Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија

Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија.