Македонија
15. February 2019 - 10:53

Република Северна Македонија и на Википедија

Новото име Република Северна Македонија почна да го користи и глобалната интернет-енциклопедија Википедија.

Во информациите за земјава на Википедија на англиски, на француски, на грчки и на повеќе други светски јазици веќе е наведено дека новото име на државата е Република Северна Македонија.

Се наведува и образложение дека тоа е направено со Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на 27-годишниот спор за името меѓу Скопје и Атина.