РЕПУБЛИКА: СДСМ е пред банкрот
Ако Бранко Црвенковски ја задолжи СДСМ со хипотекарниот кредит од Комерцијална Банка земен во 2011 година, Зоран Заев ја доведе до банкрот, откако со анекс на договорот хипотеката е продолжена до 2021 година пишува Република. Документите до кои дошле од „Република“, покажуваат дека место да се фокусира на изборите договорени на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино, Заев мака мачел како да го продолжи хипотекарниот договор со кој Комерцијална банка во залог го има седиштето на СДСМ.
Порталот пишува дека кредитот што на 19 април 2011 година го земал тогашниот претпоставен на Заев, Бранко Црвенковски, во висина од 1.600.000 евра, со намена за финансирање на партиска изборна кампања, истекол на 19 април 2016 година. Ако од СДСМ не го врателе долгот навреме банката има право да ја активира хипотеката и да го одземе заложениот имот, со што партијата, ќе останела на улица.
Во текстот на “Република” стои дека партијата во април годинава се согласува, според Договорот од 2011 година и според Анексот од 2016 година, да се заснова заложно-правна хипотека во корист на Комерцијална банка врз недвижниот имот со сите доградби и надградби сега и во иднина, за обезбедување на побарувањето, кое претставува збир од главнината од 1.600.000 евра, зголемено со каматите, провизиите, даноците и со сите други трошоци што може да произлезат во случај на присилна наплата.
Документите кои ги објавува “Република” покажуваат дека одлуката за задолжување и заложување под хипотека поминала и на Централниот одбор на партијата одржан на 25 март годинава. Според записникот од седницата кој е обајве во “Република”, како подвижен имот ЦО на СДСМ во Комерцијална банка ги заложува и системот за греење, ладење и вентилација, радијаторите, системот за проветрување на санитарните јазли, топлинската потстаница, електричниот топловоден котел, редица пумпи и вентили, сите во сопственост на партијата, а проценети од стручните служби на банката. Централниот одбор дал согласност СДСМ да издаде и три сопствени акцептирани меници со менични изјави со согласност банката да ги пополни и употреби за наплата на побарувањата без протест.
На објавениот текст на порталот “Република” реагираа и од СДСМ.
Текстот во Република, пренесуван од медиумите под контрола на Никола Груевски, само потврдува дека СДСМ како партија на граѓаните, како и сите други граѓани во Р.Македонија, се финансира согласно законските прописи во државата, од членарини, донации и преку кредити. Сето тоа е во рамките на позитивните законски прописи, стои во соопштението.
Инаку, „Република“ пишува дека и коалициониот партнер на Заев, Фиат Цаноски и неговата фирма „Фине“ има извршно решение за наплата на хипотекарен долг вреден меѓу 5 и 7.000.000 евра во Комерцијална банка, како и 3 до 5.000.000 евра во Тутунска Банка.
-
Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар