Loading Video...
Ракомет
10. February 2020 - 15:13

Репрезентативниот голман Никола Митревски прогласен за најдобар спортист на Битола за 2019-та

 
Никола Митревски, голманот на македонската ракометна репрезентација и Еурофарм Пелистер е прогласен за спортист на Битола за 2019 година. Наградата доаѓа во неговата најуспешна година. 
 
Митревски беше избран за најдобар голман во СЕХА лигата и одлично го чуваше голот за време на настапите во Лигата на шампиони и СЕХА. 
 
Добив признанија и претходно, но ова е јаготката на шлагот на торатата. Посебна чест и признание е оваа награда бидејќи ја добив во моменти кога се вратив од странство во мојот град, после 13 години играње во странство, ова е мотив и поттик за да продолжам и понатаму“, рече Никола Митревски, најдобар спортист на Битола за 2019 година.
 
Манифестацијата „Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“ во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола се одржа по 55-ти пат.