Македонија
18. April 2019 - 16:26

Репортери без граници: Делумно слободни медиуми и скок од 14 места на листата

Државата е на 95 место по слобода на медиуми според светскиот индекс на Репортери без граници. Резултатите во споредба со минатата година бележат скок од 14 места. Има голем напредок но организацијата забележува дека се уште нема разрешница на регистрираните напади врз новинари. Минатата година не се регистрирани вакви случаи но Репортери без граници предупредува дека културата на не казнивост продолжува да владее во земјата.

 „Само два од 59 регистрирани напади врз новинари во последните години биле предмет на истрага и добиле завршница.Ова не го постигнува потребниот степен за да се обесхрабрат одговорните за нападите. Исто така, за жал, високи владини претставници имаат тенденција да им се закануваат и  да ги  навредуваат новинарите.“

Забелешка има за и јавниот сервис за кој се вели дека владата се уште не ги спровела најавените реформи. Во делот на законските регулативи, потребни се измени во делот за клевета и пристапот до државни информации.

Според Владата извештајот е позитивен а за забелешките нудат соработка со сите чинители со цел отстранување на недостатоците.

 – Уверени сме дека ситуацијата ќе беше уште подобра доколку опозицијата не го кочеше усвојувањето на измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој поради кочењето со задоцнување помина во Собранието на РСМ во февруари оваа година.

По забелешките на Репортери без граници дека нема казни за напаѓачите на новинари, реагиираа и други релевантни домашни чинители но и политички партии. Според Опозицијата вчерашниот инцидент во кој беше нападната екипа на тв 21 додека работела на репортажа во Арачиното е нарачан од блиски луѓе на премиерот. ВМРО ДПМНЕ бара напаѓачите да сносат одговорност а МВР да излезе со детали кој го нарачал нападот на новинарската екипа.

Од  СДСМ со реакција до опозицијата дека сите функционери од  градоначалничката на Арачиново до други политички субјекти го осудиле  насилството. Велат дека институциите веќе преземаат мерки за расчистување на настанот и лоцирање и санкционирање на сторителите.

Денешната реакција на Христијан Мицкоски и неговата наводна загриженост е неискрена, задоцента и крајно лицемерна.

Истиот тој Мицкоски 10 години молчеше за затворањето на медиумите, за малтретирањето на Томислав Кежаровски, за корупцијата во медиумите со пари од граѓаните, за заробената држава што ја создаде режимот на неговиот ментор, Никола Груевски.

Ова е најдобриот скор за слободата на медиумите во Македонија во последните пет години. Во регионот најдобро е рангирана Словенија , на 34-то место, БиХ е 63-та, Хрватска 64-та, Грција 65-та, Косово 75-то, Албабнија 82-ра, Србија 90-та (со пад од 14 места) Црна Гора 104-та и Бугарија  р 111та .