Репортер на палестинска телевизија загина во израелски напад врз неговиот дом во Кан Јунис, во Појасот Газа
Официјалната палестинска телевизија соопшти дека нејзинот репортер во Појасот Газа, Мохамед Абу Хатаб, загинал денеска кога израелски проектил ја погодил неговата куќа.
„Колегата Абу Хатаб падна како маченик со членовите на неговото семејство во израелското бомбардирање на неговата куќа во Кан Јунис“, јави „Палестајн ТВ.
Медицински извори во болницата „Насер“, во Кан Јунес, за француските медиуми открија дека во нападот загинале 11 лица.
Во своето последно телевизиско јавување,денеска, на 27 ден од војната меѓу Хамас и Израел, 52-годишниот Абу Хатаб информира дека „мртовечниците се полнат со маченици“, а други тела се под урнатините.
Според Палестинската асоцијација на новинари, најмалку 27 палестински новинари се убиени во Појасот Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас, што почна на 7 октомври, со нападот на исламистичкото движење врз израелска територија.
Ново на Сител
-
Осумгодишно дете повредено поради ,,Супермен челинџ''
-
Косово забранува продажба на енергетски пијалаци на лица под 18 години
-
Мицкоски-Касаноф: Европските интеграции остануваат врвен стратешки приоритет, САД цврсто стојат зад Северна Македонија
-
Меџити: Сите судии на Уставниот суд да бидат на ниво на задачата
-
ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка
-
Кос: Мојот сон е Западен Балкан да се интегрира во ЕУ
-
Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание
-
Мицкоски: Драго ми е што дел од партиите во опозиција се свесни дека треба да се изолираат екстремите