Живот
25. August 2017 - 10:31

Реновирана Белата куќа

По двомесечно реновирање, што чинеше над три милиони долари, Белата куќа доби сосем нов изглед. На влезот на „западното крило“ на службената резиденција на претседателот на САД е поставен и знак за добредојде, јавува Си-Ен-Ен.

Само новите 6.000 метри тепих чинат повеќе од милион долари.

бела куќа реновирање

Во Овалниот кабинет пак, има нови тапети коишто ги избра лично Доналд Трамп, а на таванот над лустерот е поставена скулптура - златен орел. Во Рузвелтовата соба е поставен портрет на Френклин Рузвелт.

бела куќа орел

Во однос на практичните работи и техничката реконструкција, системот за греење е обновен, како и климатизацијата и ИТ системот.

И, сето тоа е направено и набавено во САД, соопштуваат од Белата куќа.

бела куќа