Свет
22. August 2016 - 8:27

Ренци: Вo Италиja ќе има парламентарни избори без оглед на референдумот

Во Италија во 2018 година ќе се одржат парламентарни избори, независно од резултатот од референдумот за уставни измени закажани за годинава, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци.

Ренци, којшто е на власт веќе две години, ја заложи својата политичка иднина на сметка на референдумот.

Тој потврди дека ако не успее да ги убеди избирачите во неопходноста од уставни реформи и резултатот од референдумот биде поинаков, ќе поднесе оставка.