-->
-->
Ренато Санчез потпиша за ПСЖ
-->
Португалскиот играч за врска Ренато Санчез (24) ги напушти редовите на Лил и кариерата ќе ја продолжи во францускиот првак ПСЖ, објави клубот од Париз.
Санчез потпиша договор до 2027 година, а вредноста на трансферот се проценува на десет милиони евра.
– Сигурен сум дека го направив вистинскиот избор, изјави Санчез за клупскиот сајт на ПСЖ.
– Го избрав ПСЖ бидејќи мислам дека е најдобриот проект за мене. Останувањето во Франција ми беше важно, бидејќи веќе ја познавам оваа лига, додаде португалскиот фудбалер, кој изминатите три сезони настапуваше за Лил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право